Connect with us

SPORTM.mk

Финале во Торонто: Серена со солзи по изгубениот меч од Андреску

Американската тенисерка Серена Вилијамс се расплака за време на церемонијата на доделување на наградите по финалето на турнирот во Торонто.

Таа го предаде мечот на 19-годишната канадска тенисерка Бјанка Андреску.

– Благодарам момци. Жал ми е што морав да го сторам тоа. Пробав но, не можев. Бјанка, вие сте брилијантен спортист и жена. Благодарност до мојот тим. Одиме напред, рече Серена со солзи пред своите обожаватели.

Турнирот во Торонто, Канада, се играше за награден фонд од 2,5 милиони долари.