Connect with us

SPORTM.mk

Финализиран е најскапиот трансфер во јануарскиот преоден рок во Премиер лигата!

Јануарскиот преоден рок оваа сезона во Премиер лигата не беше толку активна, при што големите тимови остануваа во сенка. Доволно е да се каже дека најскапиот трансфер во овој преоден рок го направија „Волците“.

Клубот постигна договор со Олимпијакос за трансфер на Даниел Поденсе. Португалецот ќе им се придружи на „Волците“ за 23 милиони евра и денеска ќе пристигне на медицински посети.

Покрај 23 милиони евра, „Волците“ ќе треба платат и други 5 милиони фунти во бонусна доколку се постигнат одредени цели.