Фудбал
Фиорентина израмни рекорд од 60 години
Фиорентина е во неверојатна форма, има 9 победи во низа во сите натпреварувања.
„Виолетовите“ го победија Кремонезе со 2-0 во првото полуфинале на турнирот во Копа Италија.
Пред тоа, тимот на Винченцо Италијано ги победи Интер, Лече, Сиваспор двапати и Брага еднаш во Конференциската лига, Кремонезе, Милан и Верона последователно.
На овој начин Фиорентина го израмни рекордот постигнат пред 63 години. Во април 1960 година, тимот постигна 9 последователни успеси, а оттогаш „Ла Виола“ немаше постигнато толку последователни победи во сите натпреварувања.