„Фитиљ“ ќе рипне во тавче, Кузмановски ја запроси девојката

Филип Кузмановски реши да стави крај на ергенскиот живот. Тој ја побара за жена неговата девојка Моника.Станува збор за велешанката Моника Игнова, која патем е прва братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.

Македонскиот репрезентативец и велешанката во врска се повеќе од една година. Тој ја запроси Моника пред своите најблиски.