Кошарка
ФМП обезбеди место во елитата
„Остварена е посакуваната цел за пласман во првата лига во наредната натпреварувачка сезона. Одличната сезона ја крунисуваме со заверка на место во кошаркарската елита на Македонија“, велат од ФМП.
После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираа во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект.