Фудбал
ФОТО: Андоновски и официјално промовиран во селектор на САД
Влатко Андоновски е новиот селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Македонецот во наредниот период ќе ги предводи светските шампионки. Она што го објавивме пред неколку дена, сега стана и официјално и потврдено од страна на челните луѓе на федерацијата.
Како тренер во изминатите две сезони, Андоновски го водеше Рејн во американската лига, а исто така беше на клупата на Канзас Сити, кој го одведе до две титули.
Андоновски во својата кариера играл за Работнички, Македонија ЃП и Вардар, а во 2000 година потпиша за клубот Вичита Вингс од Националната професионална лига на САД, а потоа играше за неколку тамошни клубови. По завршувањето на кариерата како фудбалер, остана таму и продолжи да работи како тренер.