Тајмаут
ФОТО: Англичанец ја „шокираше“ неговата сопруга: Дневната соба ја претвори во фудбалско игралиште
Англискиот навивач Крис Хенкок стана хит на социјалните мрежи откако неговата сопруга објави колку е “луд” за фудбалот и Светското првенство.
Навивачите во Англија внимателно ги следат настаните на Мундијалот во Русија и се надеваат дека нивниот тим конечно ќе направи чекор напред. Каква еуфорија владее на островот најдобро се гледа кај Крис Хенкок кој ја „шокираше“ својата сопруга Kриси Фловерс.
Имено, овој навивач ја претвори дневната соба во фудбалско игралиште, а неговата сопруга се „шокира“ кога влезе во куќата. Се разбира, таа мораше да сподели на социјални мрежи и открила како реагирала кога влегла во куќата.
“Не можев да поверувам во она што го стори од нашата дневна соба, оставив без текст, а јас само го прашав кој к** направи со нашиот мебел”. Тој зеде се во неговата спална соба и потроши 100 фунти за да го направи тоа фудбалско игралиште. Се разбира, тоа е смешно за секого, но што би направиле доколку ви се случи вас? Сето тоа е одлично и слатко, но кога ќе вас ќе ви се случи, тогаш го менувате мислењето”, рече Криси.
