Фудбал
ФОТО: Автограми и дружење пред утрешната „битка“ со Полска
Македонската репрезентација пристигна во Варшава каде утре вечер го игра квалификацискиот меч против лидерот во групата, селекцијата на Полска. Нема време за славење и одмор по синоќешната победа против Словенија, бидејќи избраниците на селекторот Игор Ангеловски ги очекува супер тешко гостување.
При пристигнуваењето во Варшава, неколкумина фанови ги пречекаа нашите репрезентативци. Фотографирање и автограми, пред утрешната „битка“ со Левандовски и дружината.



