Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона го објави составот за Интер, го нема Лионел Меси

Како што се очекуваше, Барселона утре вечер против Интер во Милано ќе настапи во комбиниран состав, пред се поради тоа што за помалку од 10 дена се игра „Ел Класико“. Со оглед на тоа дека Каталонците веќе обезбедија пласман во нокаут фазата во ЛШ, бодови во Милано не им се потребни. Одлуката на Валверде е да ја сочува свежината кај најдобрите.

Поради тоа во составот воопшто го нема Лионел Меси. Ги нема ниту дефанзивците Жерар Пике и Серхи Роберто.

Иако се на поширокиот список, сепак не е сигурно дали Суарез и Бускетс ќе го почнат мечот од прва минута.