Тајмаут
ФОТО: Бензема со цртеж ги исмеја Дешамп и репрезентацијата на Франција
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема не се очекува да биде меѓу патниците на Светското првенство.
Неговото име е нотесот на селекторот Диди Дешамп многу одамна го има пречкртано, по приватна расправија, со поранешниот репрезентативец Матеу Валбуена, тој веќе одамна не игра за „Триколорите“.
Сепак, напаѓачот на Реал константно го провоцира Дешамп поради одлуката за изоставување од репрезентацијата. Често тоа јавно го прикажува, а тоа повторно го направил откако го освои последниот трофеј во Лигата на шампионите со „Кралевите“.
Францускиот уметник Улис со цртеж го прикажа Бензема како се враќа дома со авионот и освоените трофеи од Лигата на шампионите, додека остатокот од репрезентацијата патува во Русија во СП.
Очигледно, на Бензема му се допадна значењето на овој цртеж. Тој го сподели овој цртеж на социјалните мрежи со насмевка и уште еднаш покажа што мисли за селекторот Дешамп.
