Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Бизнисот е најважен – продаваат тоалетна хартија со ликот на Роналдо

Во Неапол смислија начин како да му напакостат на Кристијано Роналдо, кој неодамна потпиша за Јувентус.

Наполитанците не се среќни со доаѓањето на Роналдо во Јуве, затоа што тешко ќе му биде да ја прекинат доминацијата на „Старата дама“ во Италија, која трае долги години.

Доаѓањето на Роналдо ги одушеви сите фанови на „Старата дама“, но ги разочара навивачите на сите останати клубови, а посебно ривалот од Неапол.

Во овој град, на југот од Италија пронајдоа начин како да се „збогатат“ врз основа на доаѓањето на Роналдо во Јувентус. Произведуваат тоалетна хартија со ликот на Роналдо во дресот на Јувентус…