Тајмаут
ФОТО: Брутален слоган на Тотенхем за промовирање на новиот стадион
Лондон наскоро ќе добие уште еден врвен стадион бидејќи новиот стадион на Тотенхем ќе биде официјално отворен пред почетокот на новата сезона.
Тотенхем оваа сезона ја одигра на Вембли, бидејќи гради нов стадион во Вајт Харт Ланеа, кој ќе изгледа спектакуларен. Стадионот ќе има капацитет од 63.000 обожаватели на фудбалот, а во неговата изградба се инвестирани дури 800 милиони фунти.
Челниците на Тотенхем веќе почнаа да го промовираат новиот стадион, иако до почетокот на сезоната останаа уште два месеци. Сепак, во Тотенхем, ја искористија можноста за брутално провоцирање на Арсенал и Челзи со слоганот за промовирање на новиот стадион кој гласи: Единственото место во Лондон каде можете да ја гледате Лигата на шампионите. ”
