Connect with us

Ракомет

ФОТО: Дали голот на Македонија во последната секунда сепак требаше да биде признат?

По израмнувањето на Исланд во последниот напад, за Македонија останаа само 3 секунди да се обиде да постигне гол и да стигне до победа.

Откако нашиот селектор Данило Брестовац повика тајм аут по голот на Исланѓаните, тој и ракометарите беа свесни дека за толку кратко време не може да се постигне гол, односно за три секунди топката од центарот на игралиштето требаше да ја помине линијата од исландскиот гол.

Откако еден од нашите ракометари шутираше од центар, а исландскиот голман ја одби, Гоце Георгиевски од одбојка ја заби топката во исландскиот гол.

Оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, покажува дека литванските судии можеби требале да ни го признаат голот бидејќи на секунда до крај топката е на гол линија.

Како и да е, со освоениот бод Македонија го задржа првото место во групата, и доколку до крајот успее да победи на гости со Турција и дома со Грција, тогаш нашите ракометари ќе останат на првото место.

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com