Фудбал
ФОТО: Дали се ова официјалните резултати за „Златна топка“, Меси победник, Роналдо не е во Топ 3
Изборот за „Златна топка“ ќе се одржи утре вечер, а дел од светските медиуми објавија список со бодовите и листата, за која велат дека е официјална. Според нив, победник е Лионел Меси со 446 бодови, а фудбалерот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк е втор со 382 бодови. Третото место му припаѓа на уште еден фудбалер на англискиот тим, Мохамед Салах со 127 бодови, додека Кристијано Роналдо е на четвртото место со 133 бодови.

Во топ 10 има уште двајца фудбалери на Ливерпул. Освен Ван Дајк и Салах, таму се Садио Мане и голманот Алисон. Бодови имаат Килијан Мбапе од ПСЖ, потоа Френки Де Јонг – Барселона, Матијас Де Лихт-Јувентус и Еден Азар – Реал Мадрис.
Дали навистина листата е оваа која ја објавија медиумите, ќе дознаеме утре вечер.