Connect with us

SPORTM.mk

ФОТО: Де Брујн излезе од болница, а откако го „разнесе“ Рудигер му се јавил

Кевин Де Брујн излезе од болница. Иако на прв поглед не се чинеше страшно, сепак по судирот со дефанзивецот на Челзи, тој не го заврши мечот и мораше во болница. Самиот се огласи на твитер каде соопшти дека има фрактура на носот и сркшеница под левото око. Како што вели тој се чувствува добро, но разочаран од синоќешниот исход.

Се огласи и дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

-Жал ми е поради повредата. Се разбира дека немав никаква намера. Веќе му се јавив и му посакав брз опоравување. Се надевам дека повторно брзо ќе биде на теренот, изјави Рудигер.

Челзи исто така на официјалните социјални мрежи упати порака до Де Брујн за брзо опоравување.

Се разбира сега сите во селекцијата на Белгија се загрижени за Де Брујн. Ако биде подготвен, тогаш тоа ќе биде единствено со заштитна маска.