Фудбал
ФОТО: Дефинитивно крај на надежите, Кулушевски ќе игра за Шведска
Дејан Кулушевски, Македонец по потекло, роден во Стокхолм, Шведска дефинитивно нема да игра за сениорскиот тим на Македонија. Тој ја одбра Шведска. Селекторот Јан Андерсон го објави списокот на 25 фудбалери за квалификациските мечеви со Романија и Шпанија, а меѓу нив е и 19 годишниот Дејан Кулушевски, кој во моментов настапува во Парма како позајмен фудбалер од Аталанта. Тој ќе дебитира за првиот тим на шведската репрезентација.

Кулушевски забележа неколку настапи за македонската репрезентација за играчи до 17 години, но потоа ја одбра Шведска. Сепак, имаше надеж се додека не настапи за сениорскиот тим, бидејќи правилата велат дека еден фудбалер може да бира за која репрезентација да настапи, се додека не го облече дресот на сениорите.

Откако доби повик од Андерсон, шансите да го облече дресот на Македонија пропаднаа.
Селекторот Игор Ангеловски неколку пати изјавуваше дека упатувал повик до Дејан Кулушевски да игра за Македонија, но сепак тој јасно ставал до знаење дека неговата желба е шведската репрезентација.