Фудбал
ФОТО: Девојката на првиот заразен фудбалер на Јуве-Поминаа 20 дена, јас сум се уште позитивна
Поминаа 20 дена откако се лекувам и откако сум во изолација и карантин, но тестот повторно се покажа позитивен. За бременоста, во клиниката која што одам ми кажаа повеќе не прават прегледи, но порачаа да бидат мирна, бидејќи сум млада. Не сум се видела со Даниеле. Да почекаме уште малку, па повторно ќе бидеме заедно, ова го изјави девојката на фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани во интервју за една емисија во италијанските медиуми.
Микела Персико е во нивниот стан, додека фудбалерот е во клупски хотел на Јувентус каде е во карантин поради коронавирусот.
Ругани е првиот фудбалер во Италија кај кого е дијагностициран Ковид-19. Според информациите тој го победил вирусот, но не и неговата девојка која уште е позитивна.
Периско минатата недела предизвика скандал во Италија откако во друга емисија изјави дека нејзиното момче Ругани било тестирано за Ковид-19 на мечот Јувентус-Интер на 8-ми март, на кој беше на клупата за резервни фудбалери. Јувентус, пак, соопшти дека тестот го направиле на 11 март. Подоцна италијанскиот тим ја демантираше девојката на Ругани.