Connect with us

Кошарка

Фото: Драма во која победуваат „Воините“

Кошаркарите на актуелниот НБА шампион Голден Стејт  се изборија за шестиот меч во големото финале со Торонто. Шампионот преживеа но остана во солзи.

Популарните – Вориорси во петтиот натпревар од големото НБА финале по вистинска драма и голема борба  го добија Торонто со 106-105 и го намалија водството на Репторси на 3-2 во победи.

Во мечот кој долго ќе се памети, поради тоа што по него може слободно да се сними филм. Торонто со предноста од 3-1 во победи беше на чекор од шампионскиот прстен , но „воините“ уште еднаш покажаа дека се тим кој никогаш не се предава.

Кошаркарите на Голден стејт во текот на целиот натпревар беа во водство кога беше тешко погодуваа од сите позиции и на крајот заслужено стигнаа до посекуваниот триумф.

Она што го направи овој дуел поинаков од другите е повратникот Кевин Дурант.

Кошгетерот на Вориорси по повредата на листот на ногата на своја одговорност се врати во екипата за да им помогне на соиграчите во големото финале.Дурант  се обиде да игра и си направи голем проблем.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com