Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Дуелот Шпанија – Англија може да биде одложен?

Дербито во Лигата на нации што вечерва треба да се одигра во Севилја помеѓу Шпанија и Англија можеби ќе биде одложено за утре со оглед на обилните врнежи на дожд.

Цел ден врне во шпанскиот град, а теренот на стадионот „Бенито Вилјамарин“ е поплавен. Организаторите прават напори да го оспособат теренот, но се ќе зависи од временските услови.

Во меѓувреме објавени се почетните состави на двете репрезентации.