ФОТО: Едно место на статуата на Роналдо е посебно излижано

Бронзената статуа на Кристијано Роналдо која во 2014. година беше поставена во неговиот роден град Фуншал на островот Мадеира повторно се наоѓа во центарот на вниманието.

Градот Фуншал пред нешто повеќе од четири години одлучи да му оддаде почит на својот најпознат граѓанин, па поставија статуа со неговиот лик. Оваа статуа стана вистински хит за туристите кои често се сликаат покрај неа, но едно место посебно е „интересно“.

Имено, португалските медиуми сфатија дека жените сакаат да се сликаат покрај статуата на Роналдо и има едно место кае посебно е „излижано“. Секако на сликата јасно се гледа за што станува збор.