Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ерменците слетаа во Скопје, не знаат за пораз по првите три кола…

Репрезентацијата на Ерменија слета во Скопје, каде за два дена ќе се соочи со нашата репрезентација во рамките на квалификацискиот циклус за Светското првенство во Катар.

Ерменија не знае за пораз по првите три кола, но дали може да ја изненадиме ќе видиме за два дена со оглед на тоа што ова е и прв натпревар кој по две децении нема на теренот да истрча нашиот Горан Пандев.

За нашиот селектор Благоја Милевски пак ова е деби и за прв пат ќе води сениорскиот тим.

Македонија-Ерменија е на програмата на 2-ри септември, а на 8-ми септември на Денот на независноста на Македонија, нашата репрезентација ќе ги одмери силите со Романија.