Connect with us

Ракомет

ФОТО: Еурофарм Пелистер се бореше едно полувреме против Мешков Брест

Еурофарм Пелистер загуби од Мешков Брест во СЕХА лигата со 31:27, во четвртфиналето од плејофот за пласман на Ф4. Пелистер одигра лошо прво полувреме кое Мешков го доби со 13:8, па иако во вториот дел беа подобри, сепак немаа сили да направат нешто повеќе. Останува впечатокот дека добро одиграа само едно полувреме, односно во вториот дел. Реваншот се игра на 29-ти август во Брест, но се чини дека победникот од овој двомеч е решен уште во Битола.

Стипе Мандалиниќ со 9 голови беше најдобар кај Пелистер, а Периќ имаше шест.