Други спортови
ФОТО: Еве каде заврши најлудиот реквизит од финалето на Вимблдон: Ѓоковиќ го скрши рекетот за насмевка на едно дете
Новак Ѓоковиќ „од сјај до очај“ го одигра финалето на Вимблдон против Карлос Алкараз, за малку ќе се врати и всушност направи пресврт, но ги пропушти шансите, а Шпанецот со победата од 3:2 потврди дека моментално е најдобар во светот.
Еден од клучните моменти се случи во петтиот сет, кога Алкараз направи брејк, а Новак го истури бесот од новонастанатата ситуација на рекетот, кој го скрши против стативата држејќи ја мрежата.
По завршувањето на натпреварот, рекетот на Новак (или, како што напиша самиот човек – што остана од него) се најде во рацете на синот на Крег О’Шонеси, стратешки тренер на Вимблдон и член на АТП.
И насмевката на момчето зборува сама по себе: