Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Еве што прави бекот на Вардар во слободно време

Моментално актуелни се подготовките за настап на Светското ракометно првенство кое од 10.јануари ќе стартува во Германија и Данска. Познато е дека дел од играчите на Вардар се со своите репрезентации, додека дел од нив одмараат во својата родна земја. Најновото засилување на црвено-црните, Кристијан Дисингер кој пристигна од Кил не доби повик од селекторот Прокоп за настап во репрезентацијата на Германија.

Левиот бек на Вардар слободно време го користи за релаксација, одмор и читање на книга. На 8.јануари, Дисингер треба да биде во Скопје кога ќе биде првиот собир на вардарци во новата 2019 година. Тој заедно со останатите играчи кои нема да настапат на мундијалот ќе се подготовуваат со помошниот тренер, Билјана Црвенковска, пред продолжување на предизвиците кои им следат.