Други спортови
ФОТО: Фернандо Алонсо има нова „љубов“, формулата ја замени со релито
Пилотот на Тојота, Фернандо Алонсо ја заврши првата фаза од својот нов предизвик за рели-предизвикот „Ула-Неом“ во Саудиска Арабија.

Шпанецот и неговиот навигатор Марк Кома го завршија првиот дел, нешто подолг од 211 километар, на четвртото место. Нивното време беше 55 минути – осум минути зад победникот во етапата Јасир бин Сеидан со МИНИ.

Втор етапата ја заврши Шеик Калид ал-Касими со Пежо, а потоа следеше фаворитот Јазид Ал-Ражки со Тојота Хилукс. Ал Ражки забави поради пуканата гума, а неговото заостанување од првото место беше нешто повеќе од шест минути.