Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Формулите и поминуваат пред куќата, но нејзиниот мобилен телефон е поважен

Трката за Големата награда на Монако, традиционално е еден од највозбудливите трки која на фановите му го пружи сето она што го сакаат во овој спорт.

Тренинзите во Монако започна уште пред неколку дена, а ова утро беше третиот, последен тренинг на програмата. Фановите на најбрзиот циркус во светот имаат можност да видат се и сешто на улиците на Монако, но исто така има и од оние за кои тоа воопшто не е важно.

Имено, се појавија интересни фотографии на девојка која воопшто не и е важно тоа што формулите поминуваа покрај нејзината куќа. Таа се фокусира на сонцето и на нејзиниот мобилен телефон, а само во неколку наврати, „ѕирнав“ за да види што се случува.

Сигурно секој искрен фан на Формула 1 ќе даде сè само за да има шанса да ја следи трката за големата награда на Монако.