Тајмаут
ФОТО: Фотографија која покажува што направи Зидан во Реал
Кога Зинедин Зидан во јануари 2016 година го презеде Реал Мадрид, ни најголемите фудбалски експерти, не може да очекуваат дека за две и пол години легендарниот Французин ќе направи чудо со „Кралевите“.
Зизу успеа да го одведе Реал до три последователни титули од Лигата на шампионите, а на клупата на Реал Мадрид освои девет трофеи и со златни букви влезе во историјата на клубот.
Која работа ја направи јасно покажува фотографијата што се појави на социјалните мрежи. Пристигна како привремена замена за Рафаел Бенитез, а потоа следеше чудо.
Зидан ги предводеше „Кралевите“ со одлични резултати, особено во Лигата на шампионите, и на крајот го напушти клубот со резултати кои ќе бидат запаметени.
