Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалер на Баерн Минхен избегал од карантин, па доживеал сообраќајка

Жером Боатенг, дефанзивец на Баерн Минхен избегал од карантин, иако имале строги правила дека не смее да се излегува. Сепак, тој не ги почитувал правилата, па одлучил да го напушти карантинот. Причината била да го види неговиот син кој е во Лајпциг.

Да биде работата уште полоша, тој возел брзо, изгубил контрола, па излетал од патот. За среќа не повреден, туку само го оштетил својот автомобил.

-Прифаќам било каква казна, ако е праведна. Знам дека е голема грешка бидејќи не побарам дозвола од клубот, но во тој момент размислував само на мојот син. Не му беше добро, а кога тој ќе ме повика, морам да тргнам, без разлика на се. Прифаќам било каква казна , порача Боатенг.