Connect with us

Ракомет

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Еурофарм Пелистер со убедлива победа против Вардар до пехарот во Суперкупот

Еурофарм Пелистер стигна до убедлива 31:22 (14:14) победа над лутиот ривал Вардар за да го освои Суперкупот на Македонија и да најави возбудлива домашна ракометна сезона.

Вардар почна подобро и имаше 7:4, но потоа следуваше израмнето прво полувреме пред Пелистер да има фантастична серија од 5:1 за да направи голема предност, која потоа ја сочува до крајот на мечот и по три сезони, да ја освои титулата од Суперкупот.

Нервозата го направи своето и капитенот Стојанче Стоилов заработи црвен картон во второто полувреме по еден удар со лакот над Обрадовиќ. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, се реши да ги скрие адутите и новите засилувања кај „црвено-црните“.

 

Facebook