Connect with us

Ракомет

ФОТО: Хансен е „Крал во Египет“

Данска е светски првак, втор пат едноподруго. Стана четвртата нација по Романија, Франција и Шведска која успеала да ја одбрани титулата. Нивниот најдобар ракометар Микел Хансен е прогласен за МВП на Мундијалот, односно најдобар ракометар. Исто како и неговата селекција која ја одбрани титулата светски првак од 2019-та година, така и Хансен идентично како во 2019-та така и сега е прогласен за МВП.

Дрим тим на СП во Египет:

Најдобар голман: Андрес Паличка (Шведска)

Најдобро лево крило: Хампус Ване (Шведска)

Најдобар лев бек: Микел Хансен (Данска)

Најдобар централен бек: Џим Готфридсон (Шведска)

Најдобар десен бек: Матиас Гидсел (Данска)

Најдобро десно крило: Феран Соле Сала (Шпанија)

Најдобар пикер: Лудовик Фабрегас (Франција)