Ракомет
ФОТО: Хрватот повторно ги освои вардаровите срца: Столе му пиша дека не му стои жолто, а тој му одговори…
Лука Циндриќ уште во подготвителниот период најави дека ќе биде еден го главните играчи на Киелце во новата сезона. Хрватскиот репрезентативец и екс-вардарец на својот „Инстаграм“ профил се пофали дека бил прогласен за најдобар играч и прв стрелец на Шчипурно Куп.
Меѓу бројните честитки и пораки од фановите на Вардар, впечатлива беше онаа на капитенот на македонскиот шампион, Столе Стоилов: Не ти стои жолто! – пиша големиот борец на „црвено-црните“.
Откако Столе му го пиша ова, Циндриќ го најде најдобриот одговор. Хрватскиот репрезентативец со само една реченица одново ги освои срцата на фановите на македонскиот шампион.
