Тајмаут
ФОТО: Ибрахимовиќ срушен во Малме, не го признаваат повеќе за херој на градот
Статуата на Златан Ибрахимовиќ, поставена до стадионот во Малме повторно беше цел на вандали. Неидентификувани лица ги исекле нозете, како резултат на што статуата падна на оградата. Во близина беше поставен натпис „Отстрани“.
Инаку, Малме е родниот град на прославениот шведски фудбалер, а истоимениот клуб е негов матичен. Статуата на Ибрахимовиќ беше поставена пред три месеци. Тежи 500 килограми, висока е 2,7 метри. Статуата и претходно во неколку наврати беше цел на вандали.
Причината за ова е одлуката на Ибрахимовиќ да стане акционер во Хамарби, долгогодишен лут ривал на неговиот матичен клуб.
За потсетување, шведскиот фудбалер оваа зима се врати од американската МЛС лига во Европа, каде ќе игра за Милан.