Ракомет
ФОТО: Има 42 ама не се дава, Тоскоски ќе брани уште две сезони во Германија
Игор Тоскоски, не размислува за пензионирање, откако се реши да потпише нов договор со германскиот нисколигаш Аполда.
Тоскоски е поранешен голман на екипата на Пелистер, кој пред неколку години дојде во Германија и стана еден од милениците на составот на Аполда.

42-годишниот чувар на мрежата од Битола веќе шест години е дел од германскиот нисколигаш, а благодарение на неговиот одлични настапи, повторно ја доби довербата од клубот.