Тајмаут
ФОТО: ИСИС повторно се заканува – ќе им ги пресечеме главите на Меси и Роналдо
Терористичката организација ИСИС објави пропаганден постер за Светското првенство во Русија со закана дека ќе ги убие двајата најголеми фудбалери во светот Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Ова не е прв пат да стигнат закани од ИСИС, но овој пат објавија најексплицитен постер досега. На истиот скршено е логото на Мундијалот, а Роналдо и Меси се легнати на терен. Врз нив стојат двајца војници на ИСИС, кои со нож во рацете им ги сечат главите на фудбалерите.
„Теренот ќе биде исполнет со вашата крв“, пишува на постерот.