Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Јапонец во Белград во „грешен“ дрес, па се прашува зошто толку многу го фотографираат

Еден турист од Јапонија, во Белград го облече дресот на соседната репрезентација, но за среќа неговата прошетка по Калемегдан во „коцкестиот“ дрес не му донесе проблеми.

Јапонецот цело време беше насмеан, со задоволство позираше, но воопшто не можеше да разбере зошто сите го фотографираат.

Набрзо неговата фотографија со дресот на Хрватска во Белград стана хит на интернет, а тој можеби се уште не знае зошто е толку популарен во регионот.