Ракомет
ФОТО: Јас сум пикер кој освојува простор, откриена вистинската тежина на ракометарот на Конго
Готје Мвумби Тиери е ракометарот кој привлече најголемо внимание на Мундијалот во Египет. Не поради одличните партии, иако игра солидно, туку поради неговиот физички изглед. Иако според конституцијата впечатокот е дека има повеќе килограми, сепак на официјалниот сајт на СП пишува дека тој има „само“ 89 килограми.
Но, специјализираниот интернет портал „Handnews“ во текст посветен на ракометарот на Конго објави информација дека тежи дури 137 килограми и дека е висок 195 сантиметри.
-Јас сум пикер кој освојува простор, изјави тој за француските медиуми додавајќи:
-Никогаш ниту сонував дека ќе играм на Светско првенство, поради тоа треба да се даде се од себе, бидејќи ова можеби се случува еднаш во животот. Мора да уживате во тоа, изјави Мвумби.
Инаку, тој на првите два меча за неговата селекција постигна по четири голови, против Аргентина и Данска.