Фудбал
ФОТО: Како изгледаше последниот тренинг на „Ернст Хапел“ пред мечот со Австрија
Репрезентацијата на Македонија синоќа го одржа официјалниот тренинг на ”Ернст Хапел” стадионот во Виена каде вечерва од 20:45 часот игра против Австрија во натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020.
Без многу првотимци кои недостасуваат поради повреди и картони, селекторот Игор Ангеловски со својот стручен штаб ги изработија последните подготовки пред утрешниот натпревар против Австрија.



