SPORTM.mk
ФОТО: Каков улов – Мохамед Салах се пофали со нов трофеј
Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул, зад себе има феноменална сезона. Со „Редсите“ ја освои Лигата на шампионите, а изгледа дека и на одморот се му оди од рака, па од летувањето се пофали со нов трофеј.
Египќаните се познати како врвни риболовци, а нема сомнеж дека и Салах има дар за тоа. Фудбалскиот талент го крена во планетарните висини, но ниту во риболовот не заостанува многу:
Салах во изминатава сезона постигна 27 голови во сите натпреварувања, а секако највреден е оној во финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем (2:0). От пенал го матираше Лорис во второто полувреме, после година дена откако го пропушти првото финале со Реал Мадрид (1:3) во истото натпреварување.