Тајмаут
ФОТО: Кариус сликан на аеродром, голманот во тешка депресија
Германскиот голман на Ливерпул – Лорис Кариус кој направи две глупави грешки за време на финалето во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид (1:3), кои го чинеа ннеговиот тим трофејот, беше фотографиран на аеродромот во Манчестер, каде замина на одмор по тешкиот крај на сезона.
Фотографиите што циркулираат во британските таблоиди покажуваат дека тој се уште е во видливо тешка состојба.
Потсетуваме дека вчера Кариус излезе со официјално соопштение по кошмарната ноќ, во кое се заблагодари на навивачите за поддршката и откри дека се уште не може да спие поради случувањата во финалето, пишува lokalno.mk
