Connect with us

SPORTM.mk

ФОТО: Лампард во влечки од 30 евра пристигна на тренингот во Челзи

Фудбалерите на Челзи од денеска одработија нова тренинг сесија и целосно се подготвуваат за продолжување на сезоната.

Во центарот на вниманието по тренингот беше тренерот на лондонскиот клуб, Френк Лампард, поради неговиот стајлинг. Имено, тој пристигна на тренинзите на Челзи во влечки, што предизвика големо внимание.

Секако, фоторепортерите го „фатија“ моментот кога Лампард го напушти тренинг центарот и успеаја да го фотографираат и да видат за какви влечки се работи.

Имено, на влечките пишува „Најдобриот татко“ што очигледно ги добил како подарок од своите деца. Папучи се произведени од М & С и чинат околу 30 евра. Лампард од два брака има три деца и очигледно е дека неговата улога како татко оди добро.