Connect with us

Фудбал

ФОТО: Легендата Матеус се тресеше од студ во Скопје

Славниот Лотар Матеус, се наоѓа во Скопје како стручен коментатор за телевизијата „РТЛ“, а фотографот на SPORTM.mk го улови моментот како тој се тресе од суд покриен со ќебе.

„РТЛ Германија“ е сопственик на ТВ-правата за територијата на Германија и во Скопје пристигна со неверојатна опрема и шест камиони. 60-годишникот кариерата ја заврши во 2000 година, а зад себе има настапи во Менхенгладбах, Баерн Минхен, Интер.

На крај, победата од 4-0 на неговите сонародници веројатно му помогна да му се стопли и срцето.