Фудбал
ФОТО: Легендата Роналдињо на слобода, по 32 дена излезе од затвор
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Роналдињо по 32 поминати дена во затвор, конечно е на слобода. Тој е ослободен откако платил кауција во износ од 1,6 милиони долари, за својот брат и за себе.

Уапсен е на 5-ти март заедно со Роберто, неговиот брат, при влез во Парагвај поради тоа што користеле лажни пасоши.
До судењето Роналдињо ќе мора да биде во хотел и во домашен притвор.
