Кошарка
ФОТО: Лејкерс ги претстави дресовите за следната сезона
Очекувано, три варијанти на дресови кои ги произведува „Nike“, беа претставени на јавноста, но немаше некои поголеми промени.
Така, во следната сезона, еден од најдобрите клубови во НБА ќе го гледаме во жолти, бели и виолетови дресови, кои веќе години наназад се во употреба.
За оригиналниот дрес на Лејкерс навивачите ќе мораат да издвојат 200 долари, а можеби и повеќе, но постојат и поефтини варијанти од дресот на овој тим, а нивната цена се движи некаде околу 1оо долари.
Сигурно дека добар дел од навивачите на тимот од Лос Анџелес набавуваат нови дресови, затоа што во нивниот тим пристигна Леброн Џејмс од кој сите очекуваат да го врати тимот во борба за титулата.
Лејкерс имаат освоено 16 шампионски титули, а последната во „градот на ангелите“ дојде во 2010. година.
Shop all the new #LakeShow jerseys here: https://t.co/oLjBs38PHT pic.twitter.com/y4JY6ENxqE
— Los Angeles Lakers (@Lakers) August 1, 2018