Фудбал
ФОТО: „Летечкиот“ Роналдо, еве колкав беше неговиот скок против Сампдорија
Кристијано Роналдо вечерва постигна гол за 2:1 и победа против Сампдорија, но светските медиуми пишуваат за начинот на кој го постигнал. Тоа беше 69 гол со глава во неговата кариера, а изведе неверојатен скок.
Веднаш стигнаа пресметки дека скокот бил 2,56 метри, односно дека отскокнал од теренот 71 сантиметар.
Но, сепак не е прв пат ваков скок да изведе Роналдо и не е највисок. Тоа го стори и кога го носеше дресот на Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед, потоа исто така во дресот на Реал против Јувентус, кога со ножички постигна гол, но и во националниот дрес на мечот со Велс.


