Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ловрен со порака за хејтерите

Ловрен, е фудбалерот кој фановите на Ливерпул и англиски новинари често го напаѓаат и го исмејуваат, бидејќи направи големи грешки во важни натпревари, но одлично одигра во двата четврт – финални натпревари во Лигата на шампионите, против Манчестер Сити, особено во реваншот.

Но, против Рома во полуфиналето тој се врати на „старите навики“. По првиот натпревар, Стив Никол, легендарниот дефанзивец на Ливерпул, го посочи Ловрен како виновник што Ливерпул немаше 5:0. По реваншот во Рим, според англиските медиуми единствениот играч во Ливерпул кој одигра полошо од Ловрен е тинејџерот Трент Александар-Арнолд на десната страна.

И покрај сето ова, она што е од суштинско значење, е тоа дека Ливерпул немаше да биде во финалето по реваншот во Рим, ако не беа словенечки судии, Ловрен за пласманот во финалето им испрати порака на многубројните хејтери.

На инстаграм објави селфи од авионот со амблемот на Ливерпул, а во позадина има порака на која пишува: „Хејтери, ова е за вас, видете внимателно“.

И кога хејтерите ќе ја зголемат сликата, ќе го добиваат она што е обележано во долниот десен агол.