Connect with us

Фудбал

ФОТО: Македонија ќе игра во црвени, Ерменците во бели дресови!

Вечерва репрезентацијата на Македонија ќе игра во своите црвени дресови, Ерменија во бела комбинација.

Ова ќе биде прв натпревар на клупата за Благоја Милевски, но и прв без капитенот Горан Пандев. Милевски така без Пандев во тимот и со неколку новитети ќе се обиде да го продолжи циклусот во добра насока со каква што започнавме.

Натпреварот започнува во 20:45 часот и ќе биде прва шанса за успех на македонските фудбалери, по настапот на Европското првенство ова лето.