Connect with us

Ракомет

ФОТО: Македонската репрезентација замина за Вараждин

Откако на најдобар начин ја завршија работата во Загреб, нашите ракометни репрезентативци денеска заминаа за Вараждин, каде ќе ги играат натпреварите од главната група 2. Од Загреб тие носат убави спомени, бидејќи беа најдобри во група во која, покрај Црна Гора, беа и најдобриот во Европа и третиот на светот.

Нашите најдобри ракометари најпрво ќе имаат тридневен одмор од натпреварите, а потоа ќе ги чека вистински пекол. Најпрво ќе се сретнат со “Црвената фурија“, а потоа за само 20 часа ќе одиграат две тешки средби со Чешка и со Данска.

Сатница:
21. јануари (недела), 20:30 часот:  Македонија – Шпанија
23. јануари (вторник), 20:30 часот:  Македонија – Чешка
24. јануари (среда), 18:15 часот:  Македонија – Данска