Connect with us

Фудбал

ФОТО: Македонски репрезентативец на ѕидот на славните на Лидс

-Горд сум што го има моето име на ѕидот на „Иланд роуд“, напиша македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски објавувајќи фотографии на својот Твитер налог.

Лидс годинава слави еден век постоење, а место на ѕидот на славните доби и македонскиот репрезентативец. Алиоски во Лидс е од 2017 година, забележа над 100 настапи во сите конкуренции и постигна 15 голови.