Тајмаут
ФОТО: Мбапе е успешен и добро познат, но и неговата девојка не заостанува многу
Килијан Мбапе (19) е една од најголемите ѕвезди на фудбалот, а во моментов го носи дресот на ПСЖ.
Мбапе „експлодира“ во Монако, стана широко популарен, а сега како играч на ПСЖ, кој тешко некој дефанзивец може да го спречи, тој ужива уште поголема популарност.
Но неговата девојка Алисија Ајлис не е далеку зад него. Барем во Франција е исклучително популарна, а минатата година, односно 2017 година, таа победи во изборот за Мис Франција.
Алисија е малку постара од Мбаппе, има 21 година и се занимава моделинг. Без оглед на големата популарност која ја има, за нема се пишува многу помалку отколку девојките / сопругите на другите фудбалски ѕвезди.







