Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мбапе со фотка на Инста ги разочара навивачите на Реал Мадрид

Килијан Мбапе, речиси со една нога веќе беше во таборот на Реал Мадрид, но последните информации велат дека овој трансфер нема да се реализира, а потврда за ваквото тврдење, меѓу редови, дал и самиот фудбалер.

РЕАЛ МАДРИД вчера му даде ултиматум на ПСЖ да одговори на понудата за Килијан Мбапе до крајот на неделата, бидејќи смета дека францускиот вицешампион одолговлекува до понеделник, кога се собира француската репрезентација, што би го комплицирало трансферот.

„Кралевите“ понудија 170 милиони евра плус 10 милиони во бонуси за потписот на Мбапе, но ПСЖ сака 200 милиони и порача дека нема да го продаде за помалку пари.

Фантастичниот напаѓач во ек на преговорите на „кралевите“ со неговиот сегашен клуб околу отштетата, објави на Инстаграм фотографија со Лионел Меси, на која е целосно насмеан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)